Monday, June 24, 2013

Систем за варење

Системот за варење (познат и како дигестивен или гастроинтестинален систем) е органски систем кај цицачите приспособен за механичка и хемиска обработка на храната (варење), ресорпција (впивање) на храната во крвните садови и исфрлање измет (дефекација), т.е. отстранување на несварените остатоци од храната.



Механичката обработка на храната се врши во усната празнина, со помош на забите и плунката, која служи за навлажнување на храната, со што се олеснува:
  • Џвакањето (мастикацијата) на храната
  • Формирањето на залакот (болусот) и
  • Голтањето на храната (деглутацијата).
Хемиската обработка на храната го подразбира дејството наензимите во најразлични делови од системот за варење, како на пример во желудникот, малото црево итн.
Ситемот за варење има многу важна функција: ја разложува храната што ја внесуваме секој ден, така што организмот може од неа да добие енергија и хранливи материи, потребни за создавање и одржување на ткивата, како и да се овозможи да се вршат различните животни функции.

No comments:

Post a Comment