Панкреасот или поджелудочната жлезда е жлезда со двојно лачење - егзокрино (надворешно) и ендокрино (внатрешно). Оваа жлезда е сместена поджелудникот, веднаш до дванаесетпалечното црево, со кое е и анатомски поврзана преку панкреасниот канал.
Егзокрината функција на панкреасот е претставена со лачењето на панкреасниот сок, кој има важна улога во варењето на храната во дигестивниот систем. Токму затоа често панкреасот се смета како дел од овој систем. Ендокрината функција на поджелудочната жлезда се состои во лачењето на два мошне значајни хормони -инсулин и глукагон, кои учествуваат во регулацијата на нивото на глукоза (во секојдневието познато како шеќер) во крвта, односно состојбите на хипогликемија ихипергликемија.
No comments:
Post a Comment