Желудникот (грчки: Gaster, латински: Ventriculus) е најширокиот дел од системот за варење кај посложено организираните животни. Кај попросто организираните животни, улогата на желудник најчесто ја преземаат цревата, каде со помош на дигестивни жлезди се вари храната.
Желудникот кај животните може да се јави како едноделен (еднокоморен) или повеќеделен (повеќекоморен). Повеќекоморен желудник имаат копитарите. Повеќето од нив се преживари, односно имаат четириделен желудник од каде ја враќаат храната до устата и повторно ја џвакаат (преживаат). Четирикоморниот желудник на копитарите се состои од: бураг (Rumen), листец (Omasum), сириште(Abomasum) и мрежичка (Reticulum). Од сите овие комори, најголема е бурагот.
Кај останатите животни (главно цицачи), желудникот е едноделен (еднокоморен) и започнува со влез на желудникот (Cardia) кој продолжува во гајдовидно пошироко тело, на кое, пак, се надоврзува излезот на желудникот (Pylorus). На излезот се наоѓа и кружен мускул - сфинктер, кој превенира враќање на храната назад во желудникот.
No comments:
Post a Comment